Земјите-членки на НАТО се согласија да го продолжат мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг за уште една година, соопштија од Алијансата.
Така Столтенберг ќе биде на чело на најголемата воена организација до 1 октомври 2024 година.
Одлуката формално ќе ја поддржат шефовите на држави и влади на НАТО на самитот во Вилнус, кој ќе се одржи на 11 и 12 јули.
Видете и ова: Во јули годинава НАТО ќе избира нов генерален секретарЗа оваа одлука се огласи и самиот Столтенберг кој рече дека е почестен со оваа одлука.
„Трансатлантската врска меѓу Европа и Северна Америка ја обезбеди нашата слобода и безбедност речиси 75 години, а во поопасен свет, нашата голема алијанса е поважна од кога било“, напиша Јенс Столтенберг на Твитер.
Јенс Столтенберг е 13-ти генерален секретар на НАТО. Тој беше назначен во 2013 година, а на функцијата стапи во 2014. Ова е четврто продолжување на неговиот мандат.