Во Хаг отворен Меѓународен центар за гонење злосторства од клучното обвинение против Кремљ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вети дека стори се што е во нејзина моќ за да го повика на одговорност рускиот претседател Владимир Путин и другите одговорни за наводните злосторства извршени за време на војната на Кремљ против Украина. Таа ова ветување го даде по повод отварањето на Меѓународниот центар за гонење на криминалот на агресијата (ICPA).

„Новиот меѓународен центар на обвинителството ќе игра клучна улога во обезбедувањето на сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата“, додаде таа.

Новиот центар, во канцелариите на правосудната агенција на ЕУ, Европравда, вклучува обвинители од Украина, ЕУ, САД и Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој исто така се наоѓа во Хаг.

Видете и ова: САД поддржуваат специјален суд за злосторствата во Украина


Меѓународниот кривичен суд претходно издаде меѓународна потерница за апсење на Путин поради сомневање за воени злосторства, вклучително и наводна депортација на деца во Русија од Украина.

Новиот центар се обидува да пополни некои празнини во јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд, што не му дозволува да гони злосторствата за агресија - клучно обвинение изнесено против Кремљ во неговиот неиспровоциран напад врз Украина во февруари 2022 година.

Агенцијата на ЕУ за судска соработка (Европравда) веќе има воспоставено база на податоци за докази за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид поврзани со војната. Тоа е најнов чекор во заедничките напори ширум светот за утврдување на кривична одговорност на руското раководството за војната против Украина.

„Со воспоставувањето на ICPA, Европската унија ја повторува својата посветеност да обезбеди целосна одговорност за меѓународните злосторства извршени за време на војната на Русија против Украина, вклучително и злосторството за агресија“, рече еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс.

Украинскиот јавен обвинител Андриј Костин, говорејќи на отворањето на центарот, рече дека специјалниот трибунал за руското раководство сега е „неизбежен“.

Украинските власти извршија притисок за специјален суд откако беа откриени убиствата на цивили во градот Буча во април 2022 година, по повлекувањето на руските трупи.

Русија негираше дека цели на цивили, и покрај доказите и сведоците за спротивното.Москва ја означи својата инвазија како „специјална воена операција“ и забранува употреба на зборот „војна“ во извештаите на Русија.