Предметот „Феникс“ служи за дефокус на јавноста и претставува продолжување на негирањето на македонскиот идентите, оцени денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мискоски. Станува збор за истрага што ја води Обвинителството именувана како „Феникс“ за злоупотреба на службена положба и перење пари за 11 споменици од „Скопје 2014“.
Меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, поранешните министри Зоран Ставревски и Елизабета Канческа-Милевска, ексградоначалниците на Општина Центар, Виолета Аларова и Владимир Тодоровиќ, експретседателот на Советот на Центар, Владимир Здравев.
Видете и ова: Куќен притвор за Тодоровиќ, 30-дневен за Здравев за злоупотреби со спомениците од „Скопје 2014“Тој ги повика медиумите и обвинителите да „се охрабрат “ и да проверат какви дозволи за градба се извадени за изградба на спомениците во Слупчане или Зајас.
„ Или може сакате да одиме до Зајас, до Колари, или сакате до уште неколку места да ве однесам во Македонија каде што има такви нелегални градби и каде што има основано сомневање за еден поспектакуларен случај од овој што служи за дефокус од криминалите на овие неколку семејства кои денеска ја имаат заробено Македонија“вели Мицкоски.
Мицкоски му порача на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека политичката кариера ќе ја заврши како обичен криминалец повикувајќи се на случајот „Соравија“ во чие купување е вмешан внукот на Ахмети, Дрин.
Видете и ова: Дрин Ахмети без вложен денар станува косопственик на „Соравија“„Тој човек, кој себеси се претставуваше како борец за човекови права пред 20 години, изгледа раководен од неколкумина околу него, ќе заврши како човек длабоко вплеткан во криминал. Но, за жал, го вплеткува и сопственото семејство. Тоа не е добро,“ изјави Мицкоски.
Ваквата реакција на Мицкоски доаѓа по коментарите на ДУИ дека половина од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се осудени или обвинети за корупција и криминал. Во изминативе денови по објавувањето на информациите за истрагата „Феникс“ и за купувањето на скопскиот трговски центар „Соравија“ дополнително се заостри политичката ситуација во земјата.