Инфлацијата која минатата година беше 14,5 проценти да биде основен параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор и сите да добијат процентуално зголемување на платите, побарале денеска синдикалните лидери на денешниот состанок на Економско-социјалниот совет.
Синдикатите денеска доставиле предлог со кој бараат платите на избраните и именуваните лица да се вратат на ниво како пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на платите да биде како за работниците, така и за функционерите.
„Тоа што ние го предложивме е инфлацијата која минатата година беше 14,5 проценти да биде основниот параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор, од најниската категорија на работно место до највисоката, претседател на државата, и сите да добиеме процентуално зголемување на платите“, изјави по средбата претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов.
Трендафилов вели дека нијанси се во прашање, меѓутоа дека тие нијанси се големи и дека сѐ уште се далеку од договор. Предлогот на ССМ и на останатите синдикати, како што додаде, е во насока на тоа да се утврди на кој начин ќе пораснат платите.
Видете и ова: Синдикално „не“ за владините предлози за зголемување на платите во јавниот секторСпоред претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков, формулата просечна плата по коефициент на сложеност на работно место е моделот што треба да се применува во наредниот период.