Вагнер не регрутира војници за битките во Украина

Руската платеничка група Вагнер, која изврши краткотраен бунт на 23 и 24 јуни, го прекина секое регрутирање. Во официјалното соопштение објавено на 2 јули социјалната платформа Телеграм, групата најави дека се сели во Белорусија.

„Вагнер привремено не учествува во специјалната воена операција и се сели во Белорусија“, се вели во кусото соопштение.

Според договорот склучен со посредство за ставање крај на бунтот, на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин му беше дозволено да се пресели во Белорусија.

Видете и ова: Лукашенко - Пригожин пристигна во Белорусија

На борците на Вагнер им беше даден избор да го следат или да се интегрираат во руската војска. По овие настани Пригожин не е виден јавно од крајот на востанието.

Видете и ова: Матвеева: Вагнер може да го засили регрутирањето надвор од Русија, Западен Балкан една од опциите

Краткотрајниот бунт на Вагнер беше најзначајниот предизвик за рускиот претседател Владимир Путин за време на неговото повеќе од дведецениско владеење во Русија. Кризата во Русија стивна откако Лукашенко, наводно, посредувал за договор Пригожин, да оди во Белорусија.