Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс неодамна бил во тајна посета на Украина каде што се сретнал со претставници на украиснките служби и со претседателот Володимир Зеленски, објави „Вашингтон пост“.
За време на посетата, Барнс го потврдил американското ветување дека ќе споделуваат разузнавачки информации за да и помогне на Украина да се одбрани од руската агресија, изјавил неименуван американски функционер, пренесува Бета.
Според „Вашингтон пост“, украинските власти ги претставиле плановите за враќање на териториите окупирани од руските сили и очекувањата да започнат преговори за прекин на огнот до крајот на годината.
Видете и ова: САД директно ја информирале Москва дека не се вклучени во бунтот на ВагнерПатувањето на Барнс во Киев било пред бунтот на руската паравоена група Вагнер на 24 јуни.
„Вашингтон пост“ ги пренесува и тврдењата на американските официјални претставници дека САД немале никаква улога во бунтот на Вагнер.
Главните американски медиуми во петокот објавија дека Барнс по побуната на Евгениј Пригожин му телефонирал на шефот на руската разузнавачка служба Сергеј Наришкин за да го увери дека САД не се вмешани во тој настан.