Поранешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ и 10 соработници биле уапсени синоќа под сомневање за злоупотреба на службената положба и овластувањата и за перење пари за спомениците во Скопје, дел од проектот „Скопје 2014“ вреден 700 милиони евра.
Се очекува тие да бидат изведени пред судија на претходна постапка во Одделот за организиран криминал и корупција во Кривичниот суд Скопје.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја презеде надлежноста на предметот по згаснувањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со одлука на Јавниот обвинител на РСМ по предметот продолжи да постапува јавниот обвинител Љубомир Лапе кој ќе ве запознае со текот на постапката.
Видете и ова: Тодоровиќ ги вратил парите, но ќе одговара кривично за мостот „Око“Од таму најавија повеќе детали за случајот на прес конференција во 13 часот.
Пред 5 години Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три лица, меѓу кои и ексградоначалникот на Општина Центар, за криминал за изградбата на пешачкиот мост „Око“, кој е дел од проектот „Скопје 2014“.