Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 29 јуни ја осуди Шведска што дозволила протест за време на кој маж запали страници од Куранот.
Настанот дополнително ги замати шансите на Шведска за брзо приклучување на НАТО.
„На крајот ќе ги научиме Западот дека навредувањето на муслиманите не е слобода на мислата“, рече Ердоган во телевизиската изјава.
Шведската полиција на 28 јуни им дозволи на демонстрантите да протестираат во близина на главната џамија во Стокхолм, на празникот Курбан Бајрам. За време на протестот маж запали копија од Куранот.
Видете и ова: Билстром - Шведска ги исполни своите обврски, време е Турција да го одобри приемот во НАТОТурција и Унгарија ја одолговлекуваат ратификацијата на апликацијата на Шведска за членство, која е одобрена од сите други членки на НАТО.