Русија ја прогласи „Новаја Газета Европа“, медиум со седиште во Летонија, за „непожелна“ организација. Канцеларијата на рускиот јавниот обвинител ја објави одлуката на 28 јуни, велејќи дека весникот објавува „лажни информации“ за руските вооружени сили вклучени во тековната инвазија на Москва врз Украина, како и ширење на материјали штетни за интересите на Русија.
Видете и ова: ЕУ усвои нов пакет санкции кон Русија, на листата и Раша тудеј Балкан„Новаја Газета Европа“ беше основана од руски новинари откако Кремљ ја започна својата целосна агресија против Украина во февруари минатата година.
Основач и главен уредник на весникот е Кирил Мартинов, летонски новинар со руско државјанство.
Мартинов вети дека неговиот весник, сепак, ќе продолжи со работа.
Законот за „непожелни“ организации е донесен во мај 2015 година и оттогаш се ажурира. Тој беше дел од серијата регулативи поттикнати од Кремљ, кои истиснаа многу непрофитни и невладини организации финансирани од странски извори-главно од Европа и САД.