Францускиот претседател Емануел Макрон на 29 јуни изјави дека е „неоправдано“насилствто кое се шири низ Франција, втор ден по ред, по убиството на тинејџер во полициска интервенција во предградие на Париз.
Ноќта од средата кон четвртокот, продолжија насилствата на протестите во Франција, особено во регионот на Париз. Во вторникот полицаец уби 17-годишник кој одби да го послуша. Досега се уапсени најмалку 150 лица, пишува Би-Би-Си.
Во неколку предградија на Париз се одржаа протести по инцидентот, при што имаше немири.
Во своето обраќање на почетокот на кризниот состанок со министрите на 29 јуни, Макрон ги осуди нападите врз државните институции, пренесува Ројтерс.
Макрон рече дека фаталното пукање е „неоправдано“ и дека ништо не ја оправдува смртта на младиот човек.
Убиството на 17-годишникот на 29 јуни за време на сообраќајна контрола во Нантер, беше снимено на видео. Настанот ја шокираше земјата и поттикна тензии меѓу младите луѓе и полицијата.
Видете и ова: Над 238.000 убиени во конфликти ширум светот во 2022 годинаМинистерот за внатрешни работи Џералд Дарманин го осуди „неподносливото насилство врз симболите на Републиката“ и додаде дека градските сали, училиштата и полициските станици биле запалени или нападнати. Тој им се заблагодари на полицијата и на пожарникарите и порача дека секој што не повикал на смирување на ситуацијата треба да се срами од себе.