Бројот на жртвите во ракетниот напад на комерцијалната област во центарот на Краматорск во источна Украина се искачи на единаесет, објави на 28 јуни на Фејсбук градоначалникот нa градот, Олександар Хончаренко.
Властите соопштија дека меѓу загинатите има и четири деца. Украинските власти уапсија човек што го обвинија дека и помогнал на Русија да изврши смртоносен ракетен напад.
Видете и ова: Последици од рускиот ракетен напад врз КраматорскНа 27 јуни, проектили погодија популарна пицерија во густо населена област. Во нападот беа ранети 61 лице.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во средата тврдеше дека Русија напаѓа воени цели, а не цивилни.
„Се вршат напади врз објекти кои на еден или друг начин се поврзани со воената инфраструктура“, рече Песков.
Видете и ова: 8 загинати, меѓу кои и 3 деца во руски ракетен напад врз КраматорскКраматорск е голем град во регионот Доњецк и една од клучните цели во руското напредување кон западна Украина. Тој беше честа цел на руски напади.
Краматорск беше погоден на 2 мај со ракети истрелани од фрлач Торнадо. Руските сили тврдеа дека во тој напад бил уништен вагон полн со муниција. Во април минатата година, 61 лице беше убиено во руски напад на главната железничка станица во Краматорск.