Шефот на руската приватна армија, Вагнер, Евгениј Пригожин, пристигна во Белорусија во вторник, на 27 јуни, во согласност со договорот со кој заврши кусиот бунт на неговите борци против руската армија, објави државната новинска агенција БЕЛТА, цитирајќи го белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Авион, кој се поврзува со Пригожин и за кој се верува дека го носи во егзил, слета во Белорусија од остров во јужна Русија рано во вторникот, соопшти Службата за следење на летови.
„Да, навистина, тој денеска е во Белорусија“, додаде белорускиот претседател.
Краткотрајниот бунт на Вагнер беше најзначајниот предизвик за рускиот претседател Владимир Путин за време на неговото повеќе од дведецениско владеење во Русија.
За време на викендот, Кремљ вети дека нема да го гони Пригожин и неговите борци откако тој го задуши бунтот во саботата, иако Путин претходно ги означи како предавници.
Подигнувањето вооружен бунт се казнува со затвор до 20 години. Тоа што Пригожин нема да одговора е во остар контраст во однос на ова како Крмељ се однесува кон оние што организираат антивладини протести во Русија.
Кризата во Русија стивна откако Лукашенко, наводно, посредувал за договор Пригожин, да оди во Белорусија.
Путин во говорот на 26 јуни рече дека борците на Вагнер можат да одат во Белорусија доколку не сакаат да се приклучат на руската армија.
„Авионот „Ембраер 600“ кој се поврзува со Пригожин слета околу 7:40 часот по локално време. Неколку минути подоцна, втор приватен авион слета во базата по пристигнувањето од Санкт Петербург, родниот град на Пригожин“, наведува Беларуски Хаун, социјален сајт на медиуми што ја следи авијацијата во Белорусија.
Не е јасно дали Пригожин, кој не е виден од бунтот на 24 јуни, бил во некој од овие два авиони.
Авионот што слета во Минск е наведен во американските документи за санкции и се поврзува со Пригожин.