Епископот Јаков Стобиски повика на протест, кој ќе се одржи во четврток пред Соборниот храм. Тој посочи дека причината се двата закона, едниот за матична евиденција, другиот за родова еднаквост.
„На црквата ѝ пречи контекстот што му се дава на поимот род, како и тоа што еден од законите предвидува промена на ознака за пол со изјава“, изјави епископот на денешната прес конференција на Светиот синод на МПЦ-ОА.
Епископот се огради од евентуален говор на омраза и скандирање. Според него, диктатура е на сметка за нечии права да се остваруваат правата на другите.
Видете и ова: Г.г. Стефан повикува на сенароден собир против законот за родова еднаквост„И покрај забелешките за содржината на двата закона, како црква имаме впечаток дека се инсистира да се продолжи постапката и тие да станат официјални во нашето општество со својата содржина. Овој собир не е против никого, туку против содржината на овие закони. Овие закони сериозно ќе го загрозат нашето право на вероисповед, да ја проповедаме верата. Не само што ќе се редефинира целото општество туку ќе се ограничи и слободата на говор со членот кој се однесува на родово сензитивниот јазик“, додаде епископот.
Тој го повика народот на присуство. Посочи дека предлог-законите ќе ја ограничат слободата на говор.