Потребана е поширока јавна дебата за Законот за матична евиденција и Законот за родова еднаквост, одлучи Извршниот одбор на владејачката партија СДСМ на синоќенната седница. Одлуката доаѓа во пресрет на повиците на Македонската православна црква -Охридска архиепископија на сенароден собир в четврток, против законот за родова еднаквост.
СДСМ соопшти Предлог Законот за матична евиденција Владата го повлече од собраниска процедура во март 2022 година за да се направи дополнителна консултација, за да исполнат очекувањата на целото општеството. Врз основа на ова, Извршниот одбор одлучи дека во ваква форма Законот за матична евиденција не треба да биде донесен и треба да продолжи процесот и вклучување на сите засегнати страни со цел изнаоѓање општо прифатливо решение.
Во однос на Предлог - Законот за родова еднаквост донесен е заклучок да продолжат консултациите и да се прошири јавната дебата со вклучување на сите засегнати страни, за да се донесе решение во интерес на целото општество, пред Предлогот за влезе во владина и собраниска процедура. Предлог – законот за родова рамноправност е ставен на Електронски национален регистар на прописи (ЕНЕР), лани во септември и за него досега се организирани неколку јавни дебати.
Видете и ова: Г.г. Стефан повикува на сенароден собир против законот за родова еднаквостПоглаварот на МПЦ- ОА, Г.Г Стефан во видео обраќање на 26 јуни рече дека Црквата со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Според Црквата во предложените закони се упатува на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но Црквата не е земена во предвид.
„Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а особено на жените и децата“, се вели во видео пораката.
Активистите пак, за родова еднаквост велат дека со овој закон сакаат да се унапредат правата на жената, а не да се искористува религиозната догма за носење на закони.