Нечовечки и понижувачки третман, лоши хигиенски услови, недостаток на кадар, забележува Годишниот извештај на Националниот превентивен механизам за 2022 година.
„Во дел од работните простории во болницата „Демир Хисар“ се пронајдени и кожени ремени за врзување на пациентите, метален синџир со катанче за заклучување на простории и цврст дебел кабел долг 1 метар, за кои вработените немале објаснување која им е намената,“ открива Народниот правобранител Насер Зибери.
Во судското одделение во Психијатриската болницата Скопје нотирани се и чести бегства на осудени лица кои траат од неколку часа до неколку месеци, а како главна причина се лошите услови за престој, недостатокот на организирани активноста како и неодобрувањето на викенди, како и недоволниот број на медицински и друг персонал, непостоење на системски организирана заштита на обезбедувањето, како и слаб менаџмент.
Видете и ова: „Наивен“ молк на борците од ИСИЛ во затворот Идризово?Нечовечки услови се констатирани и во затворот Идризово. Имало случаи каде по двајца затрвореници спиеле на ист кревет, а 36 на земја и користеле заеднички тоалет. Сите крила од затворот се пренатрупани. И оваа установа се соочува со недостаток на кадар, особено медицински персонал. Пристутна е и корупција, за која лицата лишени од слобода не сакаат да зборуваат јавно. Тој добил информации дека погодностите во затворите се добиваат со мито.
Податоците се направени врз основа на 19 ненајавени посети, од кои 9 во полициски станици од општа надлежност на подрачјето на Скопје, Битола, Тетово, три посети во казнено поправните и воспитно поправните установи, една посета во домот за стари лица „Мајка Тереза“ Скопје, 2 посети во психијатриските болници во Демир Хисар и Скопје, како и 4 посети на местата каде се врши сместување или задржување на бегалците.
Народниот правобранител истакна дека заложбите на властите за подобрување на овие состојби се повеќе декларативни отколку реални, а тоа го покажува и фактот што состојбите не се менуваат, а забелешките се повторуваат.