Европскиот совет го одобри деветтиот пакет санкции за дополнителни седум лица за кои вели дека се одговорни за „сериозно кршење на човековите права“ во Иран.
Во соопштението од 26 јуни, Советот наведе дека новите списоци ги вклучуваат обвинителот на провинцијата Исфахан и заменикот судија на Кривичниот суд на провинцијата Исфахан, кои се одговорни за судењата против демонстрантите Салех Мирхашми, Маџид Каземи и Саид Јакоби. Тројцата беа егзекутирани во мај 2023 година.
Санкциите се насочени и кон командантот на силите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во провинцијата Исфахан, кој ги надгледуваше акциите на сите безбедносни сили како одговор на антивладините протести кои ја потресуваат земјата повеќе од една година.
Протестите беа поттикнати од влошувањето на животниот стандард, а потоа се интензивираа со задушување на неистомислениците по смртта на Махса Амини во септември додека беше во полициски притвор поради наводно кршење на правилата за носење шамија.
Видете и ова: Иран поставува камери на јавни места за да ги казнува жените кои не носат хиџабСоветот, исто така, соопшти дека на листата се гувернерот и шефот на Советот за безбедност на Резваншахр во провинцијата Гилан, кој наредил полицијата да отвори оган врз демонстрантите, како и полицискиот командант на Резваншахр во провинцијата Гилан, кој ги извршил наредбите.
Санкции беа наметнати и на гувернерот на градот Амол, за кого Советот рече дека е одговорен за убиството на најмалку двајца млади ирански демонстранти и командантот на гардискиот корпус Имам Хосеин во Карај за приведувањето и убиството на Мохамед Реза Горбани и приведувањето и силувањето на Амрита Абаси од безбедносните сили на Карај.
„Европската унија и нејзините земји-членки ги повикуваат иранските власти да престанат со насилното задушување на мирните протести, да престанат да прибегнуваат кон произволни притворања како средство за замолчување на критичките гласови и да ги ослободат сите оние кои се неправедно приведени“, соопшти Советот.
Со дополнувањата, на списокот сега се наоѓаат вкупно 223 физички и 37 правни лица.