Германија планира да распореди дополнителни 4 000 војници во Литванија за да помогне во обезбедувањето на источното крило на Aлијансата, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус на 26 јуни.
„Германија е подготвена трајно да стационира голема бригада во Литванија“, рече Писториус за време на посетата на главниот град на Литванија, Вилнус.
Според германскиот министер за одбрана, неопходно е да се изградат капацитети за сместување на војниците.
Литванија постојано ја повикuva Германија да стационира борбени трупи во земјата, која граничи со руската енклава Калининград.
Во јуни 2022 година, Германија вети дека ќе има целосна бригада подготвена да ја брани Литванија во случај на напад.
Видете и ова: Литванија повикува дополнителни сили на НАТО на границатаСепак, Берлин досега се спротивставуваше на идејата за воспоставување постојана база во Литванија, инсистирајќи дека војниците може брзо да бидат распоредени од нивните бази во Германија. Во моментов, стотици германски војници се во Литванија како дел од НАТО.
Во случај на зголемени тензии, германската влада најави дека голема бригада може да биде префрлена во Литванија во рок од 10 дена.
Изјавата на Писториус во Литванија, каде што тој е во посета за да ги набљудува вежбите на НАТО и да се сретне со претставници на Aлијансата е првата јасна изјава на Германија за ова прашање.
Германија испрати околу 300 тенкови и друга опрема во Литванија, заедно со 1.000 војници за учество во вежбите на НАТО, кои се одржуваат по трет пат.