Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на 25 јуни рече дека последиците од вооружениот бунт на паравоената група Вагнер и нејзиниот водач Евгениј Пригожин би можеле да се чувствуваат со месеци.
„Мислам дека видовме повеќе пукнатини на руската фасада. Имаме секаков вид на нови прашања на кои Путин ќе треба да одговори во следните недели и месеци“, изјави Блинкен за Ен Би Си Њуз.
Одделно, Блинкен за Еј Би Си Њуз изјави дека проблемите на Кремљ најверојатно ќе и помогнат на Украина во нејзината одбрана од руската инвазија.
„Степенот до кој Русите се расеани и поделени, може да го отежне нивното процесуирање на агресијата против Украина. Значи, мислам дека ова е јасно, гледаме пукнатини што се појавуваат. Каде одат, ако било каде, кога ќе стигнат таму, многу е тешко да се каже. Не сакам да шпекулирам за тоа“, рече Блинкен.
Блинкен вели дека бунтот на паравоената група Вагнер и нејзиниот водач Евгениј Пригожин против руските воени власти е „директен предизвик за авторитетот на Путин“.
„Ако го ставите ова во контекст пред 16 месеци, Путин беше на прагот на Киев, Украина, сакајќи да го земе градот за неколку дена, да ја избрише земјата од картата. Сега тој мораше да ја брани Москва, главниот град на Русија, од платеници кои сами ги создаде“, изјави Блинкен за ток-шоуто на Си Би Си Њуз.
Тој додаде дека одлуката на Путин да ја нападне Украина создаде хаос во неговата земја.
„Значи, тој (бунтот) покренува длабоки прашања, покажува вистински пукнатини“, смета Блинкен.
Блинкен оцени дека е рано да се каже каква е иднината за платениците кои се побунија вчера.
Пригожин им нареди на своите војници да маршираат кон Москва, што беше оценето како најголем предизвик за претседателот Владимир Путин во неговото повеќе од дводецениско владеење.
Видете и ова: Не се знае каде е ПригожинПригожин подоцна во саботата постигна договор со Кремљ и се повлече од маршот.
Договорот е тој да се повлече во Белорусија и тој и војниците што го поддржаа да не одговараат кривично, оние, пак, платеници кон не излегоа на маршот отсега ќе бидат под конторла на руската војска.