Најмалку пет лица загинаа во последното гранатирање на главниот град на Украина, Киев, доцна на 24 јуни и почетокот на 25 јуни, соопштија украинските власти.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм изјави дека е погодена станбена зграда од 25 ката во округот Соломјански, фреквентен железнички и воздушен транспортен центар на западниот дел на градот.
Официјални лица соопштија дека најмалку 20 проектили биле истрелани во текот на ноќта во регионот на Киев.
Ноќта кон неделата, на 25 јуни, немаше масовен ракетен напад врз Украина, но гранатирањето на голем број региони продолжи. Властите на Херсон во неделата наутро објавија гранатирање на станбени области. Еден цивил загина во градот.
„Една од гранатите експлодирала точно во средината на собата“, изјави Александар Прокудин, шеф на регионалната воена администрација.
Русија на 25 јуни соопшти дека во четири области на линијата на фронтот ги одбила офанзивите на украинските сили, еден ден откако Украина тврдеше дека има „напредок“ на истокот на земјата.
Видете и ова: Британско разузнавање - Украина постојано напредува во контраофанзивата„Во текот на изминатите 24 часа, вооружените сили на Украина продолжија со обидите за офанзивна акција“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана, додавајќи дека само во близина на Бахмут се спротивставила на 10 напади.
Украина на почетокот на јуни започна контраофанзива за да ја врати територијата окупирана од руските сили.