Руски дипломат на разговори во Пекинг, еден ден по завршувањето на бунтот

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Андреј Руденко

Вусок руски дипломат на 25 јуни отпатува во Пекинг на разговори со кинеската влада, само еден ден по прекинот на бунтот на шефот на платеничката група Вагнер.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Андреј Руденко се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг за да разговараат за „меѓународни и регионални прашања од заеднички интерес“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи на својата веб-страница.

Русија и Кина, иако не се формални сојузници, одржуваа блиски врски во текот на инвазијата на Москва на Украина, која Кина одби да ја осуди.

Посетата на Руденко доаѓа откако Евгениј Пригожин, шеф на приватната платеничка армија Вагнер, им нареди на своите војници да маршираат кон Москва, што беше оценето како најголем предизвик за претседателот Владимир Путин во неговото повеќе од дводецениско владеење.

Видете и ова: Кина може „да размисли за посета на Европа“ за мировни преговори за Украина

Пригожин подоцна во саботата постигна договор со Кремљ и се повлече од маршот.

Кина официјално не ја коментираше кризата во Русија.

Соединетите Американски Држави и другите западни сили ја повикаа Кина да не ја снабдува Русија со оружје што би можело да се користи во конфликтот во Украина.

Кина во мај испрати пратеник во Украина и Русија во обид да посредува во разговорите за ставање крај на војната.