Врховниот лидер на талибанците на 25 јуни објави порака во која тврди дека неговата влада ги презела неопходните чекори за подобрување на животот на жените во Авганистан.
На жените во Авганистан им е забрането да учествуваат во јавниот живот и да работат, а образованието на девојчињата е сериозно ограничено.
Изјавата на Хибатула Ахунџада беше објавена во јавноста пред празникот Курбан Бајрам, кој ќе одбележува следната недела во Авганистан и во другите исламски земји.
Ахунџада ретко се појавува во јавноста и ретко го напушта срцето на талибанците во јужната авганистанска провинција Кандахар. Тој е опкружен со други верски лидери и сојузници кои се против тоа жените да работат и да се образуваат.
Покрај тоа, „преземени се неопходни чекори за подобрување на условите за жените, кои се половина од општеството, со цел да им се обезбеди удобен и просперитетен живот според исламскиот шеријат“, продолжува пораката.
„Статусот на жената како слободно и достоинствено човечко суштество е вратен и сите институции се обврзани да им помогнат на жените во обезбедувањето брак, наследство и други права“, додаде тој.
Талибанците им забранија на жените да се појавуваат на јавни места, како што се парковите и спортските сали, и ги нарушија медиумските слободи. Мерките наидоа на осуда од меѓународната заедница и ја зголемија изолацијата на земјата во време кога нејзината економија е колабирана, а тоа доведе и до влошување на хуманитарната криза.
Видете и ова: Талибанците повикуваат на строга забрана за музика во свадбените салиАхунџада го повтори својот повик до другите земји да престанат да се мешаат во внатрешните работи на Авганистан. Тој рече дека талибанската влада сака добри политички и економски односи со светот, особено со исламските земји, и дека ја исполнила својата одговорност во овој поглед.
И покрај првичните ветувања за поумерено владеење отколку за време на нивниот претходен мандат на власт во 1990-тите, талибанците воведоа остри мерки откако го зазедоа Авганистан во август 2021 година, додека силите на САД и НАТО се повлекуваа.