Протест „Србија против насилство“ и во Вашингтон

„Србија против насилството“, протест пред Белата куќа, 24 јуни 2023 година.

Претставниците на српската дијаспората на 24 јуни се собраа на митингот „Србија против насилството“, одржан пред резиденцијата на американскиот претседател Џо во Вашингтон.

Протестот во американската престолнина се одржа во исто време со протестите во Србија, каде се собраа граѓани во повеќе градови, јавува Гласот на Америка.

Иницијатор на незадоволство и во Србија и во дијаспората, се случаите на масовни убиства на почетокот на мај во кои животот го загубија вкупно деветнаесет лица, од кои осум деца, а десетици беа повредени.

Последната жртва, П.М од Мало Орашје кај Смедерево, почина во петокот на 23 јуни, по месец и половина борба за живот.

Видете и ова: Почина момче, деветтата жртва на масовното убиство кај Младеновац


Барањата на претставниците на дијаспората се согласуваат со оние на татковината, каде во меѓувреме беше разрешен министерот за образование Бранко Ружиќ, а во парламентот власта и опозицијата жестоко разговараа за трагичните настани од почетокот на мај, нивните причини и реакцијата на Владата.

Српските власти категорично ги отфрлаат тврдењата на дел од незадоволни српски граѓани кои со недели протестираат низ државата.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Шести протест „Србија против насилството“

Во јавноста и за време на парламентарните дебати, од српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и членовите на владејачката коалиција можеа да се слуѓне дека државата прави сè што е во нејзина моќ за да го спречи насилството, како и да се справи со последиците од вооруженото насилство.

Протестите „Србија против насилството“ дел од меѓународната јавност ги означи како најмасовните демонстрации во Србија од 5 октомври 2000 година и падот на режимот на поранешниот претседател на Србија и СР Југославија, Слободан Милошевиќ.

Протест „Србија против насилство“ во Белград


Освен во Вашингтон и Белград, протести се одржаа и во Ниш, Нови Сад, Крагуевац, Краљево, Лесковац, Шабац, Зрењанин, Пирот и Суботица.