Британските борбени авиони во текот на изминатите три недели, за време на мисијата во Естонија, „пресретнале“ 21 руски авион на границата на воздушниот простор на НАТО, соопшти доцна синоќа британското Министерство за одбрана.
Меѓу руските авиони биле регистрирани борбени и транспортни авиони и авиони за собирање разузнавачки информации, како и бомбардерите „Ту-22М“, соопшти британската одбрана.
„Овие пресретнувања се добар потсетник за вредноста на колективната одбрана и одвраќањето што ги обезбедува НАТО, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас.
Според него, Кралското воено воздухопловство (РАФ) во изминатите три недели работеше заедно со сојузниците за да се осигура дека земјите-членки на НАТО и партнерските нации се заштитени.
Видете и ова: Путин вети ќе стори „сè да ја заштити земјата“ откако Вагнер го окупираше Ростов на ДонБританските авиони се наоѓаат во Естонија од март, како дел од британскиот придонес во мисиите на НАТО. Тие ги надгледуваат руските авиони кои не комуницираат со агенциите за воздушен сообраќај, што претставува закана за безбедноста на воздухопловството.
Авионите на Велика Британија ќе останат во Естонија до август, кога ќе бидат заменети со шпански авиони.