Билетите за летови од Москва по цени зголемени и за петпати

Меѓународниот аеродром Шереметјево, Москва, Русија, архивска фотографија

Русите купуваат авионски билети за да ја напуштат земјата овој викенд додека платеници од групата на Вагнер се упатуваат кон Москва, пишува рускиот весник Комерсант.

Цените на летовите кои полетуваат на 24 јуни од Москва кон соседните земји, како Турција, се зголемени за пет пати и речиси и да нема билети, објави Комерсант.

Слична е ситуацијата и со летовите кои полетуваат на 25 јуни. Цените за понеделник, 26 јуни, биле просечни, пишува весникот.

Видете и ова: ЕУ го активираше кризниот центар поради превирањата во Русија

Платениците на Вагнер соопштија дека го зазеле рускиот град Ростов на Дон и почнале да се движат кон Москва.