Европската унија (ЕУ) го активираше својот кризен центар поради превирањата во Русија, соопшти на 24 јуни, највисокиот дипломат на Европската унија, Жозеп Борел.
„Разговарав со министрите за надворешни работи на Г7 за размена на мислења за ситуацијата во Русија. Во пресрет на Советот за надворешни работи на ЕУ во понеделник, координирам во Европската унија и го активирав центарот за одговор на кризи“, напиша тој на Твитер на 24 јуни.
Платениците на Вагнер соопштија дека го зазеле рускиот град Ростов на Дон и почнале да се движат кон Москва. Нивниот лидер, Евгениј Пригожин, вели дека сакаат да ги отстранат корумпираните и неспособни команданти на руските сили кои ги обвинува за неуспехот на војната во Украина.
По повикот на бунт од страна на Пригожин, рускиот претседател Владимир Путин имаше вонредно обраќање до јавноста, во кое рече дека ова е удар во грб. Тој рече дека ќе стори „сè да ја заштити земјата“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5