Тоа е внатрешна работа на Русија, истакнаа лидерите на европските институции на 24 јуни по бунтот на приватната воена платеничка група Вагнер против руските власт. Тие наведоа дека внимателно го следат развојот на ситуацијата во Русија.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел преку Твитер изјави дека „внимателно го следи развојот на ситуацијата во Русија“, дека е во контакт со лидерите на земјите-членки на ЕУ и Г7.
„Ова е јасно внатрешно прашање на Русија“, вели Мишел, додавајќи дека „нашата поддршка за Украина останува непоколеблива“.
„Ова е внатрешно прашање на Русија. Ја следиме ситуацијата“, рече и Ерик Мамер, портпарол на претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.
Шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин повика на бунт против руската армија, но негираше обид за воен удар. Кремљ нареди апсење на Пригожин, а против него се води истрага за поттикнување бунт.
Рускиот претседател Владимри Путин во вонредно обраќање рече дека ова е удар во грб.
Шеесет и двегодишниот Пригожин, поранешен угостител, е основач на платеничката група на Вагнер. Платеничката група стекна широка слава за време на 15-месечната војна во Украина.
Неговите трупи водеа битки во градот Бахмут и други градови, но тој исто така имаше спорови со руската армија за тактикаta, логистичкаta поддршка и други прашања.