Германија има намера да и обезбеди на Украина уште 45 противвоздушни тенкови Гепард, познати и како систем Чита, до крајот на годината во нејзината одбранбена борба против Русија.
Планот го објави началникот на Украинскиот ситуационен центар во Министерството за одбрана, бригадниот генерал Кристијан Фројдинг, во изданието на весникот „Ди Велт“ од 25 јуни, во коментар до кој имаше увид германската новинска агенција ДПА.
Доставени се вкупно 34 тенкови Гепард, а ќе бидат доставени уште 15 во наредните недели.
„Покрај тоа, сакаме да испорачаме уште 30 тенкови Гепард до крајот на годината во соработка со САД“, рече Фројдинг.
Генералот ја гледа противвоздушната одбрана како клучна слаба точка во сегашната контраофанзива на украинската армија.
Лекцијата од војната во Украина може да се „сумира во една реченица“, рече тој: „Потребни ни се подготвени вооружени сили, спремни за војна“.