Вонредно обраќање на Путин по бунтот на Вагнер - Ова е удар во грб

Рускиот претседател Владимир Путин, архивска фотографија

Рускиот претседател Владимир Путин, во своето вонредно телевизиско обраќање, изјави дека некои Руси се „измамени во криминална авантура“ - без конкретно да ги спомене борците на Вагнер, кои се побунија.

Путин вели дека иднината на Русија е загрозена, опишувајќи ги акциите на бунтовниците како „удар во грб“, пренесува Би-Би-Си.

Вонредното обраќање на Путин доаѓа откако ескалираше судирот на руските воени власти со шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгенија Пригожин.

Тој повика за бунт против руската војска, иако негираше дека се обидува да изврши воен удар.

Без конкретно да го спомене Пригожин, Путин вели дека високите „амбиции“ на некои довеле до „велепредавство“.

Русија, Ростов на Дон, 24 јуни 2023 година: Воени возила стојат пред штабот на Јужниот воен округ.

Рускиот претседател најави „неизбежна казна“ за оние кои го делат руското општество.

Путин рече дека во главниот град Москва и во неколку други региони сега е на сила антитерористичкиот режим.

Претходно Пригожин ги повика Русите да не и веруваат на руската државна телевизија.

„Кога ќе ви кажат дека приватната воена компанија „Вагнер“ се мешала во работата и затоа се урнало нешто на фронтот... работите на фронтот не се разурнати поради таа причина“, вели тој во новото видео објавено на Телеграм.

„Изгубена е огромна количина на територија. Убиени војници, три или четири пати повеќе од она што е напишано во документите што му беа презентирани на врвот (раководството)“, додаде тој.

Овие тврдења не можеа да бидат независно потврдени.

Видете и ова: Путин вети ќе стори „сè да ја заштити земјата“ откако Вагнер го окупираше Ростов на Дон


Водачот на платениците во видеото вели дека се наоѓа во воениот штаб на Ростов на Дон, кој е клучна логистичка база за руската офанзива во Украина.

Еден од највисоките руски воени команданти, генерал Сергеј Суровикин, ги повика платениците од Вагнер да ја „послушаат волјата и командата“ на претседателот Путин и да се вратат во својата база.

Претходно Кремљ нареди апсење на Пригожин, а против него се води истрага за поттикнување бунт.

Во петокот вечерта безбедноста во Русија беше зголемена, интернетот беше ограничен, а на улиците на Москва беа забележани воени камиони. Автопатот М4 што ги поврзува Москва и Ростов е затворен на границата меѓу регионите Липецк и Воронеж, изјави гувернерот на Липецкајавља, на југот на Русија.