Под мотото „Гласни и горди“ денеска во Скопје ќе се одржи овогодишното издание на Скопје Прајд, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.
Почетната точка на Парадата на гордоста ќе биде во паркот „Жена-борец“, каде во 17 часот ќе започне собирањето на учесниците. Во 19 часот, по кратките поздравни говори, ќе започне протестниот марш по скопските улици.
Настанот ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на Армијата во Градскиот парк.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Организаторите на Парадата велат дека напредокот на полето на правата на ЛГБТ+ луѓето не е изедначен, ниту пак е доволен, а постојано е соочен со напади од сили кои се противат на универзалните човекови права.
Досега во Скопје се одржале три Паради на Гордоста.
Првата Парада на гордоста се одржа во 2019, а втората во 2021 по паузата поради ковид кризата, а третата лани.