Јавното обвинителство истражува дали 70 годишник извршил полови дејства врз малолетничка. Според кусото соопштение на обвинителството се работи за човек кој на 11 годишното девојче му држел дополнителни часови. Сега обвинителството го сомничи дека сторил полови дејствија врз дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 5 од Кривичниот законик.
Со новите измени на Кривичниот законик овој вид на полов напад е казнив со најмалку 3 години затвор, а се казнува по член 188 кој е гласи „силување на дете кое не наполнило 15 години“.
„Ако сторителот изврши друго полово дејствие што не се состои во вагинална, анална или орална пенетрација , со кој било дел од телото или предмет во телото, ќесе казни со најмалку три години“,пишува во членот 188 став 5 од кривичниот законик.
Видете и ова: Притвор од 30 дена доби осомничен ресенчанец за силување на шестгодишно девојчеТокму поради ова надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за определување повеќе мерки на претпазливост.
За да се обезбеди негово присуство и непречено водење на кривичната постапка е побарано забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање патна или друга исправа на осомничениот за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање, забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти со жртвата, забрана за одржување часови на други деца и забрана за посетување на домот на семејството на детето жртва.