Украина под руски „масовен бран“

Украина - Станбен блок погоден од руски проектил, во Криви Рих, регионот Днепропетровск, Украина, 13 јуни 2023 година.

Украинската противвоздушна одбрана спречи обид на руските сили да извршат воздушен напад врз украинскиот аеродром со повеќе крстосувачки ракети, соопшти војската на Украина на 23 јуни.

Генералштабот вели дека Москва извршила уште еден „масовен бран напади во текот на ноќта низ целата земја“.

Русија од почетокот на минатиот месец драстично го засили интензитетот на воздушните напади врз украинската инфраструктура и градови, особено врз Киев, предизвикувајќи жртви меѓи цивилите и огромна материјална штета.

Украинската противвоздушна одбрана ги собори сите 13 крстосувачки ракети лансирани од Русија во нападот во текот на ноќта врз воениот аеродром во централниот регион Хмелницки, се вели во соопштението на војската на 23 јуни.
Во него се додава дека нападот бил извршен околу полноќ од стратешки авиони од насока на Каспиското Море.

Видете и ова: Украина погодена од уште еден бран руски напади, продолжуваат тешките борби во Доњецк


„Покрај тоа, противвоздушната одбрана уништи и извидувачко летало од непознат тип“, се вели во соопштението.

Во текот на ноќта беше прогласена уште една тревога за воздушен напад во цела Украина. Поради тоа руските сили лансираа бројни крстосувачки ракети и беспилотни летала, објави Генералштабот, додавајќи дека се разјаснуваат последиците од „масивниот“ напад.

На бојното поле, руските сили направија повеќе обиди да ги нападнат украинските позиции во источниот регион на Донецк, објави Генералштабот, со тешки борби во Лиман, Бахмут, Авдијивка и Маринка, каде што се водеа повеќе од 30 блиски битки во изминатите 24 часа.