Жосеп Борел, шефот на европската дипломатија и Мирослав Лајчак, претставник на Европската унија за дијалогот помеѓу Косово и Србија, се сретнаа со премиерот на Косово, Албин Курти.
По завршувањето на средбата, се очекува да се сретнат и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Европските претставници се домаќини на серијата состаноци со цел намалување на тензиите на северот на Косово.
Видете и ова: Ќе се сретнат ли Вучиќ и Курти во Брисел?Борел на „Твитер“ напиша дека е потребно итно смирување и нови избори на северот на Косово со учество на претставници на српските заедници.
„Ова е најважно за регионот и ЕУ“, напиша Борел.
Европските лидери настојуваа да организираат заеднички состанок со Вучиќ и Курти, но, тие обиди не успеаја.
Вучиќ за српскиот национален сервис РТС изјави дека не сака да разговара со Курти, туку со Борел. Додека Курти на 21 јуни потврди учество во дијалогот на високо ниво.
Што се случува на северот на Косово?
Тензиите на северот на Косово се интензивираа на крајот на мај, кога новоизбраните албански градоначалници во четири општини со мнозинско српско население, со помош на полицијата на Косово, влегоа во општинските згради.
Видете и ова: Граничните премини меѓу Србија и Косово блокирани за камиони и автобусиЛокалните Срби ги бојкотираа априлските избори и организираа повеќенеделни протести против новите градоначалници.
Протестите доведоа до судир меѓу демонстрантите и војниците на КФОР, мировната мисија на НАТО на Косово, каде беа повредени околу 50 лица од двете страни.
Меѓународната заедница повика на итно смирување на тензиите, односно Косово да распише нови избори и да ги повлече полициските сили од општинските згради. Истовремено, да осигура учество на Србите на изборите.