Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека доколку тој се најде на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави, веднаш би поднел оставка од функцијата.
Ковачевски посочи дека дел од неговото образование го завршил во САД и тоа би го сметал за најголем пораз во неговата лична и професионална кариера, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кому од пред два дена му е забранет влез во САД.
Премиерот Ковачевски информира и дека не разговарал со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.
„Ова потврди дека не можете да генерализирате дека не функционира цел еден систем или организација. Секоја институција е составена од поединци. Од основите за црна листа, институциите ќе лоцираат индивидувална одговорност кај други. Ако министер се најде на црна листа на нашиот најголем стратешки партнер, истиот тој министер ќе биде разрешен од моја страна. Сите индивидуални лица кои што се избрани од граѓаните, ќе мора да ги прашате нив. Мендух Тачи оди на избори и тој станал пратеник на гласање во 6-тата изборна единица. Морате да го прашате него за тој негов статус бидејќи тој со тоа што е ставен на црна листа, со тоа својство отишол на избори“, рече Ковачевски.
Денеска се огласија и од Основното јавно обвинителство, од каде соопштија дека до институцијата се доставени вкупно 6 кривични пријави за струшкиот градоначалник Мерко. Во нивното соопштение се наведува дека по сите пријави се постапува и дека секоја од нив е во различна фаза.
Видете и ова: Против Мерко се водат 6 постапки, струшките обвинители под лупаВеста за влегувањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави доаѓа во време кога во Државната комисија за спречување на корупцијата веќе работат на нов предмет поврзан со него. Тоа вчера за Радио Слободна Европа го потврдија од институцијата.
Членот на Комисијата, Владимир Георгиев најави дека ДКСК утре ќе има прес-конференција токму за Рамиз Мерко за кој, како што рече, уште во 2019 година утврдиле злоупотреби во неговото работење како градоначалник. Но, нивната иницијатива била отфрлена од Обвинителството.
Од пред два дена, семејството Мерко се наоѓа на „црната листа“ на САД во друштво на семејствата на поранешниот премиер Никола Груевски и екс шефот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, како и Љубе Бошковски, Мендух Тачи,