Макрон повикува на нов инвестициски одговор на глобалните финансиските предизвици

Францускиот претседател Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон на 22 јуни изјави дека светските лидери, приватниот сектор и меѓународните организации треба веднаш да дејствуваат за да го променат начинот на кој функционираше глобалниот финансиски систем или ризикуваат да ја загубат довербата кај луѓето.

„Ако ја промашиме целта, довербата на нашиот народ ќе биде изгубена“, изјави Макрон на самитот во Париз.

Тој додаде дека следните две години ќе бидат критични.

„Мораме да создадеме колективна динамика и ни треба многу повеќе од приватниот сектор“, вели Макрон.

Говорејќи во Париз, Макрон рече дека ниту една земја не треба да избира помеѓу „намалување на сиромаштијата или заштита на планетата“.

Видете и ова: ММФ одобри заем од 15,6 милијарди долари за Украина

На самитот во Париз, чиј домаќин е Франција, учествуваат повеќе од 50 шефови на држави, светски финансиски претставници и активисти. Тие ќе разговараат за начините за реформирање на глобалниот финансиски систем и ќе се осврнат на долговите, климатските промени и кризите на сиромаштијата.

Разговорите во Париз, исто така, доаѓаат бидејќи пандемијата на ковид - 19, војната во Украина и глобалната должничка криза доведоа до пад на животниот стандард и зголемување на сиромаштијата во повеќето земји ширум светот, објави Програмата за развој на Обединетите нации.