Контроверзниот руски бизнисмен Олег Викторович Бојко кој се наоѓа на листа на санкции на три држави, поради поддршката на руската влада која изврши неиспровоцирана инвазија врз Украина, има фирма за брзи кредити во Северна Македонија.
Тој е санкциониран во Украина, Канада и Австралија. Американското министерство за финансии го става Бојко на таканаречениот „Список на Путин“, на кој се наоѓаат руски олигарси блиски до рускиот претседател Владимир Путин.
Бојко поседува фирми за брзи кредити во над 30 земји низ светот.
Една од неговите фирми во Албанија беше поврзана со скандал со протекување на податоци на 600 илјади корисници на брзи кредити кои завршиле на „црн пазар“.
Тоа што е санкциониран од неколку земји и што дел од неговите фирми се вмешани во скандали, не го спречува Бојко да води бизниси во Северна Македонија. Тој би бил „интересен“ за македонските институции само ако против него поведат санкции САД, ЕУ и ОН.
Видете и ова: Руски олигарх под санкции профитира од македонски брзи кредитиБојко, кој според Форбс тежи најмалку 1,2 милијарди долари во македонскиот Централен регистар отворил фирма за брзи кредити под името „Диџитал Фајнас Интернешнл“.
Тој во Северна Македонија преку „Диџитал Фајнанас Интернешнл“ ги поседува брендовите за брзи кредити познати како „Форца“ и „Креди“, а неодамна неговата фирма го најави и производот „Хипокредит“ со кој може да се подигне кредит до 65 илјади евра со залог од недвижен имот со рок на отплата до 15 години.
Радио Слободна Европа на 22 јуни ќе објави кои македонски бизнисмени се дел од овој секторот со брзи кредити .....