Напредокот на украинската контраофанзива против инвазивните руски сили е побавен од посакуваното, вели претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Би-Би-Си.
Украина во последните неколку недели поврати осум села во јужниот регион Запорожје и источниот регион Донецк.
„Некои луѓе веруваат дека ова е холивудски филм и очекуваат резултати сега. Не е“, изјави тој во интервјуто.
„Она што е во прашање се животите на луѓето“, вели Зеленски.
Тој рече дека дел од причината за бавниот напредок е екстензивното ископување ровови од руските сили.
Видете и ова: Столтенберг: Нeма покана за членство во НАТО за Украина на јулскиот самитЗеленски рече дека воениот притисок не оди лесно, бидејќи 200.000 квадратни километри од украинската територија биле минирани од руските сили.
„Што и да сакаат некои, вклучително и обиди за притисок врз нас, со сета почит, ние ќе напредуваме на бојното поле онака како што сметаме дека е најдобро“, додаде Зеленски.
Тој ја нагласи потребата Украина да добие безбедносни гаранции од НАТО, но рече дека на крајот целта е членство во одбранбената алијанса.
Генералниот секретар на НАТО оваа недела јасно стави до знаење дека нема план да ја покани Украина на самитот следниот месец во Литванија.
Зеленски е во Лондон на Конференцијата за обнова на Украина, фокусирана на улогата што приватниот сектор може да ја игра во тој процес.