Билстром - Шведска ги исполни своите обврски, време е Турција да го одобри приемот во НАТО

Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром

Шведска ги исполни своите обврски од договорот со Турција поврзани со членството во НАТО, а сега е време турскиот Парламент да го започне процесот на ратификација, изјави шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром, на 21 јуни, пренесува Ројтерс.

Шведска и Финска лани по руската инвазија во Украина поднесоа барање за членство во НАТО, напуштајќи ја својата долгорочна политика на воена неусогласеност.

Сите членки на НАТО мораат да ја одобрат кандидатурата за членство.

Во март, Турција го ратификуваше договорот за пристапување на Финска во Алијансата, но не и за Шведска, тврдејќи дека во скандинавската земја се сместени членови на Курдистанската работничка партија (ПКК), кои Анкара ги смета за терористи.

Видете и ова: Финансирањето на членките централна тема на самитот на НАТО во Вилнус


Финска официјално стана 31-ва членка на НАТО на 4 април.

Другите членки ги повикаа Унгарија и Турција да го ратификуваат договорот, со што Шведска ќе стане членка до Самитот на НАТО, што ќе се одржи во Вилнус на 11 и 12 јули.