Синодот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) денеска ги прифати во својата јурисдикција и им определи епархии и задолженија на четирите архијереји на Православната охридска архиепископија (ПОА) на митрополитот Јован Вранишковски, која на 5 јуни годинава беше припоена со МПЦ-ОА.
Светиот архијерејски синод донесе одлука со која Крушевско-демирхисарската епархија ќе ја предводи митрополитот г. Јован, со титула митрополит крушевско-демирхисарски; потоа на чело на Дељадровско-илинденската епархија ќе застане епископ г. Јоаким, со титула епископ дељадровско-илинденски; а Делчевско-каменичката епархија ќе ја предводи епископ г. Марко, со титула епископ делчевско-каменички. Епископот г. Давид е назначен за викарен епископ на Скопската епархија, со титула епископ дремвитски.
Светата архиерејска литургија се одржа по повод годишнината од врачувањето на актот на Соборот на СПЦ од страна на српскиот патријарх Порфириј на архиепископот охридски и македонски , г.г Стефан со кој СПЦ одобри и упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, со што се стави крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.
Видете и ова: Вранишковски се врати во МПЦ-ОАИнаку пред 21 година владиката Јован Вранишковски се одвои од МПЦ и се изјасни дека е за канонско единство со Српската православна црква. Синодот на МПЦ го сметаше Вранишковски за „расколник“, а неговата црква за нелегитимна.