Рускиот претседател Владимир Путин се обидувал да го сокрие имотот среде бран од меѓународни санкции наметнати врз Русија откако Москва изврши неиспровоцирана инвазија врз Украина. Ова го откри истрагата на група новинари предводени од Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) и IStories, непрофитен медиум основан од водечките руски истражувачки новинари.
Нивната истрага покажала дека браќата милијардери Борис и Аркадиј Ротенберг пријатели на Путин од детството, ги движат компаниите низ светот „како шаховски фигури, нови банкарски сметки кои се отвораат исто како што другите беа затворени, и сопственичките структури се оформуваат како одговор на новите санкции или прашања од регулаторите“.
Овие тврдења се групата новинари ги базираат на информации кои протекле од над 50.000 е-пошта и документи испратени помеѓу 2013 и 2020 година. Истражувањето во кое учествувале над 60 новинари, не даде никакви детали за тоа како се добиени мејловите.
„Ротенберг досиејата покажуваат дека и покрај санкциите, не само што членовите на семејството на Путин и неговите пријатели можеле да задржат голем дел од нивните луксузни средства во странство, туку можеле и да продолжат да инвестираат во странски средства“, изјави рече главниот уредник на IStories, Роман Анин.
„За прв пат, јавноста може да види поцелосна слика за сложените тактики што се користат зад сцената за избегнување на одговорноста“, додаде тој.
Санкциите против многу од најбогатите луѓе во Русија први ги воведоа многу западни држави по анексијата на Крим од Москва во 2014 година. Од започнувањето на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, Русија беше погодена со уште 11 рунди санкции од страна на Европската унија при што беа таргетирани 1.571 лице и 241 компанија и влијаеа на десетици милијарди долари во имот. Санкции беа воведени кон руски државјани блиски до Путин и од Вашингтон и многу други глобални сојузници.
Замрзнувањето на имотот и визните забрани ги натераа многу од најбогатите луѓе во Русија да брзаат да најдат безбедни засолништа за своето богатство во странство со помош на многу луѓе на Запад, покажа истражувањето.
„Овие олигарси се санкционирани од Западот во обид да ги казни, а сепак поткопувањето на овие санкции би било невозможно без западните овозможувачи - адвокати, банкари, консултанти и други професионалци“, изјави главниот уредник на OCCRP, Миранда Патручиќ.
„Армиите не се само на бојното поле , тие се во канцеларии во Европа и во САД, поттикнувајќи го овој систем на штета на граѓаните ширум светот“, додаде таа.