Руските сили синоќа на 20 јуни извршија нови масовни напади врз украинските градови Киев, Лвив и Запорожје, соопштија воените власти, наведувајќи дека нема информации за жртви.
„Нов масовен воздушен напад врз главниот град“, напиша цивилната и воената администрација на Киев на социјалната платформа Телеграм.
Нападите со беспилотни летала доаѓаа од различни страни.
„Во овој момент нема информации за жртви или разурнувања“, се вели во соопштението и се додава дека тревогата траела повеќе од три часа.
Видете и ова: ОН: Над девет илјади украински цивили загинале од почетокот на руската инвазијаУкраинскиот Генералштаб соопшти дека украинската противвоздушна одбрана соборила 28 беспилотни летала од 30 лансирани синоќа од руските сили над Украина.
Воената администрација на Запорожје, во јужна Украина, соопшти дека градот и неговата околина биле цел на „масовен напад“ врз цивилни цели.
Според прелиминарните информации, седум ракети С-300 биле истрелани кон Запорожје и неговата околина.
„По бучна ноќ, ситуацијата во Запорожје е стабилна. Нема повредени и не се погодени станбени згради“, напиша градскиот функционер Анатолиј Куртев на Телеграм, пренесува АФП.
Украинските сили беа во контраофанзива во последните недели, откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.