Најмалку девет илјади украински цивили се убиени а над 15 илјади ранети од почетокот на руската неиспровоцирана инвазија во февруари мината година до 18 јуни, соопшти на 20јуни Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите Нации.
Според нивното соопштение само во јуни, имаат потврда за убиени 112 цивили , а 445 биле ранети. ОН предупредува дека вистинскиот биланс на загинати веројатно ќе биде многу поголем, бидејќи добивањето информации од некои локации каде што се водат интензивни непријателства е одложено и многу извештаи сè уште чекаат потврда. Ова се однесува, на пример, за Мариупол во регионот Доњецк, како и Лисичанск, Попасна и Сиевиеродонецк од регионот Луганск, каде што има наводи за бројни цивилни жртви.
Видете и ова: Украина потврди дека е ослободено првото село во регионот ЗапорожјеПовеќето од жртвите биле убиени од артилериски оган, како и од ракетни и воздушни напади, соопшти ОН.