Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека ќе донесе одлука за учество на состанокот свикан од Европската унија, откако ќе добие информации за состојбата на тројцата косовски полицајци кои беа уапсени од српските сили.
„Прво, сакам да ја чекам посетата на амбасадорот (шеф на Канцеларијата за врски Косово-Србија во Белград) Јетиш Јашариј во Краљево и дури кога ќе имам информации врз основа на таа посета за нашите полицајци кои се заложници во Србија, ќе направам одлука и информирање на јавноста (за учеството на средба во Брисел)“, рече Курти и додаде дека утре Јашари треба да го информира за состојбата на полицајците.
Видете и ова: Нема датум за кризната средба меѓу Србија и Косово, лидерите не потврдиле учествоНа 17 јуни, заменик министерот за надворешни работи и дијаспора на Косово, Крешник Ахмети за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјави дека косовските полицајци се држат во нехумани услови, што Србија го демантираше.
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел изјави дека ќе ги поканил претставниците на Косово и Србија во Брисел на вонреден состанок за управување со кризи.
Средбата треба да се одржи оваа недела, а Курти рече дека не се знае дали ќе биде закажана за 22 или 23 јуни.
Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно изјави дека допрва треба да одлучи дали „технички“ ќе се појави на средбата во Брисел, истакнувајќи дека нема да разговара со косовскиот премиер.