Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг повика на смирување на ситуацијата меѓу Косово и Србија.
Повикот на првиот човек на Алијансата доаѓа како резултат на дополнителното заострување на односите меѓу Косово и Србија, откако српските сили уапсија тројца косовски полицајци.
Тензиите траат од крајот на мај, кога локалното српско население на северот на Косово, кое го сочинува мнозинството во тој регион, се спротивстави на доаѓањето на власт на албанските градоначалници. Српското население ги бојкотираше априлските избори и не ги прифаќа резултатите.
Видете и ова: Нема датум за кризната средба меѓу Србија и Косово, лидерите не потврдиле учество„Разговаравме и за ситуацијата во Косово. Посветеноста на НАТО на нашиот мандат во Обединетите нации е непоколеблива. Нашите сили [мисијата на НАТО во Косово, КФОР] ќе продолжат да ги преземаат сите неопходни мерки за да обезбедат безбедна средина и слобода на движење за сите заедници во Косово “, изјави Столтенберг за новинарите во Берлин по состанокот со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Тој, исто така, побара од Приштина и Белград да не преземаат никакви чекори кои би можеле да доведат до ескалација на ситуацијата и ги покани да се вратат на дијалогот за нормализација на односите со посредство на Европската унија.
ЕУ ги покани двете страни на итен состанок за управување со кризи, но датумот не е одреден бидејќи косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ не го потврдија своето учество.