Судењето на затворениот руски опозициски лидер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, започна денеска на 19 јуни.
Тој веќе е во затвор каде одлежа две од неговите девет години затвор и се соочува со можни уште 30 години.
Судењето се одржува на 250 километри североисточно од Москва во казнената колонија каде што се наоѓа Навални.
Тој се соочува со седум нови обвиненија, вклучително и основање и финансирање на екстремистичка организација и рехабилитација на нацистичката идеологија. Критичарот на Кремљ ги отфрла овие обвинувања како политички.
Видете и ова: Германската полиција истражува мистериозна болест на руски дисидентиНавални, како и неговите поддржувачи, вели дека неговото апсење и затворање во февруари 2021 година било политички мотивирано.
Тој беше уапсен по враќањето во Русија од Германија, каде што се лекуваше од труење со нервен агенс од типот Новичок, за кое вели дека го наредил Путин.
Кремљ негираше каква било улога во труењето на Навални.
Во извештајот за 2020 година на истражувачката компанија Bellingcat се вели дека неколку агенти на руската безбедносна служба ФСБ биле вклучени во нападот.
Тој првично беше осуден на две и пол години затвор за прекршување на условната казна додека се лекуваше во болница во Германија, а потоа доби дополнителни девет години за измама и непочитување на судот.