Косовската полиција соопшти дека на 18 јуни бил извршен напад со експлозивна направа во општината Звечан со мнозинско српско население на северот од земјата.
Не е прецизирано што и кој бил цел на нападот, но се додава дека најверојатно се работи за шок бомба.
Во дневниот извештај на полицијата се наведува дека оваа експлозивна направа ја фрлиле засега непознати лица.
Нема извештаи за повредени или за материјална штета. За понатамошна истрага се ангажирани надлежните полициски единици“, се наведува во соопштението.
Видете и ова: Вучиќ не сака да разговара со КуртиПретходно, на 16 јуни, косовската полиција објави дека четири шок бомби биле фрлени врз полициски станици во општините на северот на Косово.
Повредени нема, но оштетено е едно полициско возило.
Тензиите на северот на Косово се зголемуваат од крајот на мај, бидејќи локалното српско население се противи на доаѓањето на градоначалниците Албанци. Тие ги бојкотираа априлските локални избори и сега не ги прифаќаат резултатите.
Ситуацијата ескалираше на 29 мај, кога српските демонстранти се судрија со членовите на мисијата на НАТО на Косово, КФОР, во Звечан. Во судирите се повредени десетици луѓе од двете страни.
Видете и ова: Ескобар: Косово и Србија да соработуваат за стабилност, инаку ќе има санкцииМеѓународната заедница повика на итно смирување на тензиите: Косово да распише нови избори и да ги повлече полициските сили од општинските згради, а Србија да обезбеди учество на Србите на изборите.
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел изјави дека ќе ги покани претставниците на Косово и Србија во Брисел на итен состанок за управување со кризи.
Сепак, засега не е сигурно дека на оваа средба ќе присуствуваат премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Курти рече дека се уште не донел одлука за заминување во Брисел, истакнувајќи дека Борел побарал деескалација на ситуацијата пред состанокот.
Вучиќ рече и дека допрва треба да одлучи дали „технички“ ќе се појави на средбата во Брисел, истакнувајќи дека нема да разговара со косовскиот премиер.