Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 18 јуни изјави дека се противи на каков било привремен договор за кој наводно се преговара меѓу САД и Иран за неговата нуклеарна програма.
Нетанјаху зборуваше по извештаите во израелските медиуми дека се постигнуваат разбирања меѓу Вашингтон и Техеран што ќе се обидат донекаде да ја запрат нуклеарната програма на Иран, во замена за олеснување на санкциите.
Извештаите не можеа да бидат независно потврдени, а Соединетите Држави јавно демантираат каков било таков договор.
Нетанјаху изјави дека Израел ги информирал Соединетите држави дека се против „најограничените разбирања, она што се нарекува „мини-договори“, затоа што според него тие ѝ служат на целта, а Израле е против нив.
На 17 јуни, висок израелски пратеник рече дека Израел би можел да најде прифатливо разбирање меѓу Иран и Соединетите Држави доколку вклучи ригорозен надзор на нуклеарната програма на Техеран.