Вкупно 129 мигранти откриени во камион во Мексико

Илустрација Мигранти во Мексико

Мексиканските власти пронајдоа 129 мигранти спакувани во задниот дел на товарен камион, соопшти во саботата на 17 јуни Националниот институт за миграција.

„Мигрантите од Гватемала, Хондурас, Ел Салвадор и Индија“ се откриени во петокот вечерта во источната држава Веракруз, се вели во соопштението.

Камионот полн со мигранти е пронајден во градот Сајула де Алеман, каде се прогнозира дека температурите ќе достигнат 44 степени Целзиусови во недела, соопшти Националната метеоролошка служба.

Видете и ова: Најмалку осум жртви од топлотен бран во Мексико


Институтот за миграција соопшти дека 51 мигрант од Гватемала биле вратени во таа земја.

Уште 19 малолетници без придружба од Гватемала и Хондурас се префрлени во специјално засолниште, а останатите се префрлени во миграциска станица.

Илјадници мигранти, од кои многумина бегаат од сиромаштијата и насилството во своите земји, секојдневно минуваат низ Мексико со надеж дека ќе стигнат до Соединетите држави.

По патот тие често стануваат жртви на организирани криминални банди или трговци со луѓе. Повеќе од 2.100 мигранти биле киднапирани во Мексико минатата година, според Националниот институт за миграција.