Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се очекува да остане уште една година на својата функцијата во Алијансата, јавува новинската агенција Ројтерс повикувајќи се на дипломатски неименувани извори во Алијансата.
Причината за продолжувањето на неговиот мандат за уште една година лежи во неуспехот на сојузниците во воената алијанса не успеаа да се договорат за наследник пред самитот во средината на јули во Литванија.
Видете и ова: Столтенберг: Нeма покана за членство во НАТО за Украина на јулскиот самитНорвежанецот, Столтенберг кој помина девет години на функцијата и треба да се повлече до крајот на септември, има широка поддршка во алијансата и продолжува да биде ефективен лидер, изјави изворот за Ројтерс.
„Американската администрација на Бајден размислува Столтенберг да остане уште една година“, изјави и американски функционер, кој исто така сакаше да остане анонимен.
Се чини дека во моментов не постои консензус во алијансата за негова замена. Изгледите од Столтенберг да биде побарано да го продолжи својот мандат по четврти пат се зголемија како што се приближува самитот во Вилнус, при што сојузниците стравуваат од прикажување на неединство додека НАТО продолжува да реагира на руската војна во Украина.