Јужнокорејскиот „крал на крипотовалути“:Не финансирам изборна кампања во Црна Гора

Јужнокорејскиот крал на крипто валути До Квон при влегување во зградата на Специајлниот обвинител на сослушување на 16 јуни 2023

Уапсениот „крал на криптовалутите“ Јужнокорејецот До Квон, за време на сослушувањето пред црногорскиот специјален обвинител, негираше дека финансирал каква било политичка кампања во Црна Гора.

До Квон и неговиот деловен партнер Хон Чанг Џун, на кои им се суди во Црна Гора за фалсификување документи, беа испрашувани неколку часа пред Специјалниот обвинител.

„До Квон пред обвинителот децидно негираше дека имал каква било парична трансакција кон Милојко Спајиќ (лидерот на Движењето Европа-сега) и дека на кој било начин учествувал во нелегалното финансирање на неговата политичка кампања, како што се шпекулираше во претходните десет дена во медиумите“, беше соопштено од одбраната на обвинетите доцна синоќа, 16 јуни.

Специјалниот обвинител го испрашал До Квон во врска со писмото што го испратил од притворот до премиерот Дритан Абазовиќ, министерот за правда и специјалната обвинителка.

Одбраната изјави дека Јужнокорејецот бил сослушан во својство на државјанин, при што давал известувања за престојот во Црна Гора и одговарал на прашања за можни нелегални трансакции.

Видете и ова: Обвинение против јужнокорејскиот крал на криптовалути во Црна Гора


Прашањето за можно сомнително финансирање го покрена премиерот Абазовиќ кој рече, без да и даде пристап на јавноста до содржината на писмото, дека постои сомневање дека крипто заедницата платила или помогнала на одредени политички субјекти насочени кон опозицискиот лидер Спајиќ.

Сопартиецот на Абазовиќ и министер за внатрешни работи, Филип Аџиќ, по седницата на Советот за национална безбедност изјави дека „постојат докази за финансирање на кампањата и докази за заеднички бизнис меѓу Спајиќ и До Квон“.

Сè се случи пет дена пред парламентарните избори, кои се одржаа на 11 јуни.

Спајиќ и неговото Движење остро негираа каква било финансиска поврзаност со До Квон, особено финансирање на кампањата.

До Квон е баран од Соединетите Држави, Јужна Кореја и Сингапур за она што американската Комисија за хартии од вредност (SEC) го нарекува „оркестрирање на измама со хартии од вредност со крипто средства од повеќе милијарди долари“.

Налогот за апсење беше издаден од Јужна Кореја во септември, откако Terraform Labs и вредноста на нејзината крипто валута се урнаа во мај. Црногорското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Квон е уапсен по потерница од Јужна Кореја, а официјалните лица во Сеул најавија барање за екстрадиција, јавува новинската агенција Франс Прес.

Многу инвеститори ги загубија животните заштеди кога крипотовалутите Луна и Тера пропаднаа, паѓајќи на вредност од речиси нула. Последиците од колапсот на Terraform Labs, исто така, се одразија на поширокиот пазар на крипто валута.