Осум лица починаа во третиот топлотен бран што го погоди Мексико од средината на април, соопшти мексинаското Министерство за здравство. Температурите неделава достигнаа рекордни 35 степени Целзиусови во главниот град Мексико Сити.
Седум жртви починале од топлотен удар и една од дехидрација во периодот од 14 април до 12 јуни, се вели во соопштението на Министерството.
Во североисточниот град Монтереј, температурите надминаа 40 степени Целзиусови, притисокот на водата во домовите падна, а зголемената побарувачка за електрична енергија од клима уредите доведе до прекин на електричната енергија.
Владата на државата Нуево Леон, во која се наоѓа Монтереј, го ограничи времето што децата го поминуваат на училиште на два часа дневно.
Минатата година Мексико прогласи вонредна состојба поради сушата во делови од земјата поради топлотниот бран и недостигот на дожд што ги исцрпи акумулациите.
Властите во некои градови, вклучително и Монтереј, неколку недели им дозволуваа на домаќинствата пристап до проточна вода само неколку часа дневно.